Адеми: Ако се одлучиме за една изборна единица, треба да зборуваме и за праг и отворени листи

од Nikola Popovski
217 прегледи

Пратеникот од ДУИ, Арбер Адеми денеска истакна дека неговата партија е отворена за сите предлози, меѓу кои и предлогот за една изборна единица.

-Денеска не зборувавме на оваа тема. Треба да истакнам дека оваа работна група не е формирана само за измена на моделот на изборите, туку и за други прашања. Ако зборуваме за моделот и ако одлучуваме за една изборна единица, тогаш треба да се одлучиме и за праг и за отворени листи. Праг од 5% и такви искуства има, но ќе се воздржам од дополнителни коментари, оставајќи простор да дискутираме конструктивно во рамките на работната група, рече Адеми во изјава за медиумите, по конститутивната седница на работната група за реформи во изборното законодавство.

Слични содржини