Адеми: Груби е невин сè додека не се докаже спротивното

Принципот на презумпција на невиност е еден од главните столбови на правниот систем, вели генсекот на ДУИ

од Nikola Popovski
16 прегледи Фото: Принтскрин/Фејсбук

Генералниот секретар на Демократската унија за интеграција, Арбер Адеми, изјави дека поранешниот вицепремиер Артан Груби треба да се смета за невин сè додека не се докаже спротивното од страна на правосудниот систем.

Адеми го искажал овој став за време на „КохаКаст“, ​​каде што нагласил дека принципот на презумпција на невиност е еден од главните столбови на правниот систем.

Според него, не само ДУИ, туку и самиот правен поредок на земјата го смета секое лице за невино сè додека не се докаже дека е виновно на законски начин.

„Не само Демократската унија за интеграција, туку и самиот правен поредок на земјата го смета за невин, бидејќи презумпцијата на невиност е еден од главните принципи не само во нашиот правосуден систем, туку и во сите современи системи, што значи дека секој се смета за невин сè додека не се докаже дека е виновен“, изјавил Адеми.

Тој додал дека почитувањето на овој принцип е од суштинско значење за функционирањето на правдата и за гарантирање на фер процес за секој граѓанин.