Адеми: Не е време за една изборна единица

од Nikola Popovski
436 прегледи

„Сметаме дека не е време за една изборна единица, туку е време за се повеќе да се отсликува хетерогеноста на нашето мултиетничко општество“, изјави пратеникот од ДУИ, Арбер Адеми.

Според него, партијата е за отворени листи за советници за локалните избори, но исто така е против мнозински модел за избор на градоначалници.

„За прашањето за една изборна единица, навистина ни треба еден инклузивен пристап и широка дебата. Било какков модел кој ќе го избереме, треба да ја рефлектира хетерогеноста на општеството, претставувајќи ги граѓаните, како што се во реалноста на ова општество“, потенцира Адеми.

Слични содржини