Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми денеска се пожали дека опозициските партии „сториле се што е во нивна моќ“ за да не поминат измените на Законот за игри на среќа. Адеми жали што претседателот Стево Пендаровски не го потпиша указот за законот после гласањето во Собрание.
-Претседателот направи грешка, не водејќи смета за општиот интерес на граѓаните, за да бидат оддалечени казината и обложувалниците 500 метри од образовните институции. Вчера паднаа сите маски – се престроивме кои го штити јавниот интерес, а кој интересите на организаторите на игрите на среќа. Нивното барање да нема воопшто дистанца или да биде 200-250 метри, кажа пратеникот.
Адеми ги обвини албанската здружена опозиција и ВМРО-ДПМНЕ дека го опструирале целиот процес.
-Ја правиме најголемата грешка. Очекував од целото општество да бидат на страната на носењето на овој закон. Ова требаше да биде прв чекор кон системско решение каде што ќе се оддалечат. Сите пратеници треба да сносат политичка и морална одговорност, додаде пратеникот на ДУИ.