Адеми: Само Таравари досега не бил дел од ДУИ, но сме имале соработка

од Nikola Popovski
517 прегледи

Ние како ДУИ секако дека имаме канали за комуникација со сите партии бидејќи Македонија е мала држава и сите се познаваме меѓу себе. Сите овие политички партии биле во коалиција со ДУИ, а некои се и класични деривати од ДУИ. Добар дел од нив, повеќе од 20 години биле во нашата политичка организација, биле поранешни функциионери…Само Арбен Таравари не бил дел од ДУИ и секогаш бил опонент на ДУИ, но сме имале соработка во минатото, рече синоќа потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми за тоа дали има простор за соработка со еден од лидерите на ВЛЕН и што мислат во неговата партија за критиките што Таравари ги кажа за функционирањето на ВЛЕН во Владата.

Според Адеми, не би било нормално ако немаат никаква комуникација со останатите. Сепак, истакна дека немале официјални преговори во моментов за како ќе се настапи на политичката сцена во иднина, во пресрет на локалните избори.

-Немало средба (меѓу Али Ахмети и Таравари), додаде потпретседателот на ДУИ во емисијата „360 степени“ на МТВ.

Превирања во коалицијата ВЛЕН. Таравари не знае дека Биљал Касами, Изет Меџити и Африм Гаши договараат обединување во една партија. Меџити вели, сите сме без дилеми освен Таравари. Идејата е една политичка партија и настап на локалните избори.

Таравари на коалициските партнери ги испорачал своите барања за локалните избори. Додека во партијата размислуваат, тој вели дека не знае оти тројцата разговараат за обединување во една партија.

Идејата е одлична, смета Таравари. Посочува, и да не се приклучи во обединувањето на ВЛЕН има пет пратеници во Собранието. Сепак вели дека добил ултиматум од коалицијата што воопшто не му се допаѓа. Остава простор за понатамошна соработка и останување како дел од ВЛЕН.

Слични содржини