Адеми се појави пред ПС „Карпош“: Не може ДУИ да биде дежурен виновник, Бектеши доброволно се пријави

од Nikola Popovski
458 прегледи

Портпаролот и потпретседател на ДУИ, Арбер Адеми синоќа пред полициската станица „Карпош“ изрази жалење поради тешката трегедија во дискотеката „Пулс“ во Карпош, но и упати низа критики кон властите поради повикувањето на неговиот сопартиец и екс-министер Крешник Бектеши на распит во станицата. Според Адеми, исчезнала човечноста кај авторитетите во државата и покажале политиканство и политички игри.

Портпаролот на ДУИ посочи дека дел од медиумите ја развиле теоријата дека позади настанот „стои некој Албанец од ДУИ“.

-За тоа откако други провладини портали ја објавуваат истечената лиценца од 2023 година, ја бришат веста за да објават за некоја фалц лиценца како главен столб на владиниот спин-наратив. Наместо министерот за внатрешни работи да ја презеде одговорноста што дозволил кабарето да работи 12 месеци без лиценца и секојдневно д аима собири спротивно на сите законски прописи, тој се обидува на бесрамен начин да ја префрли дебатата на етничка и партиска димензија, рече Адеми доцна синоќа.

Според него, ДУИ поради почит кон жртвите бара целосна транспарентност и побара вистината да излезе на виделина. Тој апелираше до институциите и партиите „да се откажат од обидите за прикажување на ДУИ како виновна за се што се случува, се случило или ќе се случува“.

-Да се спаси кожата на некој што не може да се спаси во вакви трагедии. Не може ДУИ да биде дежурен виновник, рече Адеми и додаде дека надлежните не згрешил што го повикале Бектеши на информиративен разговор, но, и дека екс-министерот доброволно се пријавил и инсистирал да се појави во полициска станица.

Слични содржини