Адеми со нови критики: ВЛЕН сака да скрие дека е во Влада со Стоилковиќ, се гледа кој е под влијание на српскиот свет

Адеми: ВЛЕН сакаат да ја прикријат нивната улога дека се во Влада заедно со Стоилковиќ за кого знаеме дека е со путинистички уверувања

од Nikola Popovski
9 прегледи Фото: Принтскрин

ДУИ се обвинети од ВЛЕН дека се под српско влијание. Воопшто не е вистина оваа теза. Тие сакаат да ја прикријат нивната улога дека се во Влада заедно со Иван Стоилковиќ за кого знаеме дека е со путинистички уверувања. Тој редовно учествува во состаноците на партијата на Владимир Путин, изјави денеска потпретседателoт на ДУИ, Арбер Адеми по обвинувањата од владеачката коалиција.

Според Адеми, Стоилковиќ е инструмент во рацете на српскиот претседател Александар Вучиќ.

-Оваа Влада во која што е ВЛЕН, за првпат организира и државни настани во кои учествуваат и црковни претставници од Србија. Оваа Влада го црвен тепих го пречека Милорад Додик кој ги кажа антизападните ставови. За времето на оваа Влада, за првпат имаме официјален документ од ЕП дека власта е под влијание на српскиот свет. Се гледа заклучокот. Кој е под влијание на српскиот свет – оваа Влада или претходната? Зошто нема иницијатива за уставните измени? Во која полза оди блокирањето на евроинтегративниот пат на земјава, праша потпретседателот на ДУИ на прес-конференција.