Адеми за ВЛЕН: Нема да ме изненади ако ги чекаат изборите во Германија, Франција, Грција – немаат политичка моќ

од Nikola Popovski
2,6K прегледи

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми порача дека за неговата партија најважен е легитимитетот, за разлика од коалицијата ВЛЕН, за која, како што вели, „моли и плаче за да биде дел од владата“.

Тој повтори дека ДУИ и коалицијата Европски фронт, чиј дел е партијата, бараат почитување на Охридскиот договор и консензуална демократија.

„Гледаме тенденција да се поткопува сето она што беше постигнато со Охридскиот договор од 2001 година до сега. Внимателно ги следиме политичките настани, а во исто време добиваме барања од интелектуалци, академици и активисти за различни модели на дефинирање на правниот поредок“, изјавил Адеми.

Според него, коалицијата ВЛЕН е во „непријатна“ ситуација затоа што како нелегитимен претставник на Албанците во Македонија се уште „моли и плаче за да биде дел од владата“.

„Тие велат дека треба да чекаме избори во Бугарија и да не разговараме со Бугарија, туку со ЕУ. Велат дека ги чекаат изборите во ЕУ, а потоа Таравари кажува дека треба да ги чекаме и изборите во САД во ноември. Нема да ме изненади и да имаат став дека треба да ги почекаме изборите во Германија, Франција, Англија, Грција. Тие немаат политичка сила, и тоа се очекува“, рекол Адеми.

Слични содржини