Адеми за заминувањето на Таравари од Владата: Малкумина беа, а уште помалку останаа

од Nikola Popovski
1,6K прегледи

Потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми, преку статус на социјалните мрежи, повторно ја обвини коалицијата ВЛЕН дека против волјата на Албанците станала дел од Владата.

„Пред една година, немаше промена, туку едноставно насилна политичка ротација без волјата на Албанците. Оние што дојдоа, дојдоа без легитимитет и без вистинско претставување на албанскиот глас. Денес, по една година, резултатот е јасен: Малкумина беа, а уште помалку останаа.

Кога недостасува легитимитет и искрена поддршка од граѓаните, ниедна моќ не се одржува долго. Во 2006-2008 година траеше 18 месеци, сега трае 9 месеци.

„Албанците јасно кажаа, тие сакаат достојна застапеност, а не декоративни бројки во владата“, напиша Адеми.

„Не може некој да биде дел од Владата а при тоа да седи во прегратките на криминалот на СДСМ и ДУИ“ – став на ВМРО-ДПМНЕ по одлуката на Арбен Таравари да замине во опозиција. На Извршниот комитет на партијата, распределбата на функционерските места кои досега ги раководеше Алијанса за Албанците. Што се однесува до причините поради кои Таравари ја напушта Владата по нецела година, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека досега првиот човек на Алијансата не ги спомнал на состаноците на кој редовно учествувал, напротив во фокусот на неговите интереси биле прашања поврзани со тендери и со ДУИ.

Дел од владините партнери веќе проговорија за новата распределба. Биљал Касами од ВЛЕН рече дека во игра е Министерството за образование. Министерката Весна Јаневска не открива детали и рече дека државата има премиер и за тоа се знае кој ќе одлучи.

За СДСМ излегувањето на Алијанса за Албанците од Владата е директна потврда дека Владата на Христијан Мицкоски е нефункционална, деструктивна и целосно заглавена во сопствените интереси. Коалицијата полека се ситни затоа што нема причина да постои – велат социјалдемократите.

И Изет Меџити од ВЛЕН огласи на социјалните мрежи. Таравари не ја напуштил, туку ја предал Владата, и неговото заминување го оцени како разочарување за сите Албанци што гласале за промени.

Слични содржини