Адвокатот на Трамп држи прес конференција: Изборите беа украдени, тие имаа план

од Stefanija Kuzmanovska
507 прегледи

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп претходно денеска најави, како што рече, важна прес-конференција.

на прес-конференцијата што ја најави ќе говорат неговите адвокати.

Адвокатот на Трамп: Изборите беа украдени, тие имаа план

Пресот доцнеше 10 минути, а прв зборуваше Руди Џулијани, поранешниот градоначалник на Њујорк и адвокат на Трамп.

Џулијани рече дека ќе презентира докази на прес-конференција дека изборите биле украдени.

„Ноќта на изборите, претседателот водеше во Пенсилванија и на крајот изгуби. Тоа е скоро статистички невозможно, затоа започнавме истрага. Брзо се покажа дека моделот е ист во повеќе држави. Скоро ист модел на измама на гласачите”, рече тој.

Тие се фокусираа на големите градови, вели Џулијани, каде што, според него, вообичаена е измама на гласачите.

„Единственото нешто што би ме изненадило е Филаделфија да не мами, бидејќи тие мамат веќе 60 години. Деторит е ист. Сите тие се демократски градови. Тие ги контролираат изборите, полицијата и имаат судии пријатели кои прават нерационални пресуди”, вели тој.

Џулијани исто така рече дека победата на Бајден не е победа, туку измама.

„Измамите се особено подложни на гласови што пристигнуваат по пошта“, вели тој.

„Ги фативме“

Џулијани потоа раскажал како демократите имале добар план, но како републиканците ги фатиле. „Сите земји, дури и Танзанија, места за кои никогаш не би помислиле, имаат одличен систем за испраќање гласови по пошта“, вели тој, а потоа опишува како се испраќаат гласовите.

Тој вели дека во САД, набљудувачите не можеле да го следат отворањето на гласовите од ковертот и како тие можат да гласаат за Мики Маус, истата личност три пати, мртва личност или никој. Затоа, вели тој, пребројувањето во Џорџија нема да даде никаков резултат затоа што неважечките гласови повторно ќе се пребројат.

Во Пенсилванија има над 6.000 неважечки ливчиња, вели тој. Сепак вели и дека Пенсилванија не е единствената земја каде што се случило мамење, но дека се случило мамење во сите држави и дека виновни се демократите.

„Измамата е лесно да се докаже. Постојат стотици сведоци. Можеби илјадници”, рече тој. Тој исто така вели дека персоналот на Трамп има докази дека набљудувачите не можеле да го следат пребројувањето на гласовите и дека имаат 50-60 сведоци за тоа.

„Предноста на Трамп можеа да ја стигнат само со гласовите што дојдоа по пошта“, вели тој.

Џулијани: Американците имаат право да знаат

Џулијани рече дека потоа ќе зборува за Мичиген и дека има докази. „Американците имаат право да го знаат ова“, им рече тој на новинарите.

„Она што се случува во земјата е страшно, а вашата цензура ги влошува работите“, вели тој.

Тој додава дека Џеси Џејкоб била вработена во Мичиген со децении и била назначена за набљудувач во Детроит.

„Тие всушност ја обучија да мами. Таа рече дека ја обучиле да го менува датумот на гласање по пошта. Не го кажувам ова јас, ова го кажа таа под заклетва. Можеби ќе можете да кажете дека лаже, но не можете да кажете дека нема докази. Ова е доказ“, тврди Џулијани.

„Таа вели дека ја обучиле да ги следи луѓето што гласале и да ги упатува кога да гласаат. Таа ќе сведочи за тоа”, додаде тој.

Слични содржини