Афроамериканец почина по полициска интервенција во Лос Анџелес

од Stefanija Kuzmanovska
175 прегледи

Кинан Андерсон, братучед на ко-основачот на Black Lives Matter, Патриша Кулорс, почина неколку часа откако полицијата во Лос Анџелес повеќе пати врз него употребила електрошокер и го држела на улица.

Андерсон (31), по професија професор, починал во болница во Санта Моника, јавува Би-Би-Си.

Полициската управа во Лос Анџелес објави снимка од камерите на телото од инцидентот на 3 јануари, на која се гледа како Андерсон моли за помош додека полицајците го држат на земја.

Слични содржини