Агентите Алексовски и Тодоровски се под суспензија, Чулев сака да ги прибере во МВР

од Ивана Рамаданова
267 прегледи

Синиша Алексовски и Кирил Тодоровски се суспендирани од Агенцијата за разузнавање. Причината, со оглед на сензитивноста на институцијата, не се открива, но се поставува прашање дали суспензијата е поради прекршување на професионалниот кодекс во Агенцијата, но и дали тоа ќе значи одземање на нивните безбедносни сертификати?

Причините за покренување постапка против разузнавач може да биде за прекршување на дисциплина, за неисполнување на задачи, за оддавање доверливи информации, за соработка со странски служби, итн. Но, што навистина се крие зад нивната суспензија?

И двајцата се сметаат за вмровски кадри и двајцата наводно се наоѓаат на списокот на техничкиот министер Наќе Чулев за трансфер од Агенцијата во МВР. Покрај нив, уште неколкумина се подготвуваат да преминат во полицијата, а претходно тоа веќе го направија петмина. Од МВР засега молчат, но од Агенцијата за разузнавање за „360 степени“ ги потврдиле барањата на Чулев и петте веќе реализирани трансфери. Што значи околу 10 вработени од Агенцијата за разузнавање е можно да бидат пренесени во МВР.

https://novatv.mk/agentite-aleksovski-i-todorovski-se-pod-suspenzija-chulev-saka-da-gi-pribere-vo-mvr/?fbclid=IwAR3WcAG6eRdJUt-86Q9uFbL4zgnZRIcW1S254NcPk33o80kWSM6RpzAcG8E

Слични содржини