Агентот на Ружди: Повредите се сериозни, опоравувањето ќе биде долго

од Vladimir Zorba

Закрепнувањето ќе биде долго, повредите се сериозни, но здравствената состојба на Салман Ружди се движи во вистинска насока, изјави агентот на познатиот писател, кој беше нападнат со нож на трибина во државата Њујорк.

Салман Ружди, кој во петокот беше избоден во амфитеатарот на Институтот „Шатоква“, е изваден од респиратор и неговата состојба се подобрува, изјави неговиот агент Ендрју Вајли.

„Тој беше изваден од респиратор, па сега е на пат кон закрепнување“, рече Вајли.

Закрепнувањето ќе биде долго, повредите се тешки, истакна Вајли, но додаде дека здравјето на Ружди се движи во вистинска насока.

Британскиот романсиер со индиско потекло беше нападнат на сцената за време на јавен форум во Њујорк во петокот.

Хади Мадари од Њу Џерси, обвинет за прободување на светски познат автор, се изјасни за невин за напад и обид за убиство.

Слични содржини