АГЕНЦИЈА НА ЕУ: Делта сојот ќе биде доминантен до крајот на август

од Nikola Popovski

Европскиот центар, кој наведува дека Делта сојот е позаразен од 40 до 60 проценти од другите, повикува на забрзување на вакцинацијата.

„Делта сојот на коронавирусот, кој е особено заразен, може да достигне 90% од новите случаи на инфекција во Европската унија (ЕУ) до крајот на август, објави денеска Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

„Многу е веројатно дека сојот на вирусот ќе циркулира во текот на летото, особено кај младите луѓе кои не се на списокот за вакцинација“, рече директорката на Центарот, Андреа Амон.

Иако алфа варијантата на коронавирусот претходно откриена во Велика Британија сè уште е доминантна во Европа, Центарот предвидува дека Делта сојот, првично откриен во Индија, ќе претставува 70% од новите инфекции во ЕУ до почетокот на август и 90% до крајот на тој месец.

Центарот исто така повика на претпазливост при укинување на мерките наметнати поради пандемијата.

Слични содржини