Агенција за филм: “Северен пол” е осмиот филм кој се снима според ковид-19 протоколи

од Берта Китинска
559 прегледи

После неколкуте филмски проекти кои се реализираа во отежнати услови со следење на Ковид -19 протоколите за снимање филмови, на 26.01.2021 година започна снимањето на краткиот игран филм “Северниот пол” во сценарио и режија на Марија Апчевска, а во продукција на Кино Око, соопштија од Агенцијата за филм.

Главните улоги ги играат Антонија Белезелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Билјана Гргур, шминкер Горан Игњатовски, а тон снимател Игор Поповски. Филмот е копродукција помеѓу Македонија и Србија. Продуцент е Роберт Насков, а копродуценти Милош Љубомировиќ, Горан Тодориќ (Сервиа Филм).

Снимањето ќе се одвива на локации во Скопје и Македонска Каменица до 31.01.2021 година.

Слични содржини