Агенција за филм: Транспарентност во буџетот на македонскиот филм, второ издание на „Факти и бројки“

од Берта Китинска

„Факти и бројки“ е публикација која од 2019 година во насока на транспарентност на средствата реализирани од годишниот буџет ја издава Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.

Од Агенцијата за филм  велат дека во публикацијата „Факти и бројки 2020“ детално се впишани средствата со кои се финансирале филмски и други проекти од национален интерес.

-Вкупниот скратен буџет на Агенцијата за филм за 2020 изнесува 161.869.732,00 денари од кои 10% отпаѓаат на плати, надоместоци, даноци и за останати оперативни расходи за одржување на институцијата, а 90 % се наменети за македонскиот филм.За проектите за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм (национални филмови и мнозински ко-продукции, малцински ко-продукции) потрошени се 112.578.215 денари.За други проекти од национален интерес: членарини во меѓународни организации, меѓународна промоција на македонското творештво и унапредување на филмската дејност потрошени се 27.120.504 денари, велат од Агенцијата за филм.

Оттаму додаваат дека за правните лица кои се здобиле со право на поврат на средства потрошени се 6.280.140 денари.

„Агенцијата за филм и понатаму ќе остане транспарентна пред јавноста, „Факти и бројки“ ќе остане практика и во иднина” – изјави директорот на Агенција за филм, Бојан Лазаревски.

Публикацијата е објавена на веб-страницата на Агенцијата за филм и може да се најде на следниот линк: http://filmfund.gov.mk/wp-content/uploads/2021/02/WEB_Agencija-za-film_FAKTI-I-BROJKI_2020.pdf.

 

Слични содржини