Агим Исмаиловиќ спроведен во затворот во Шутка

од Берта Китинска

Полицијата го пронајде и го спроведе во затворот во Шутка,  Агим Исмаиловиќ, еден од обвинетите за случајот „Монструм“.

Обвинителката Фатиме Фетаи  на денешното рочиште побара притвор за Агим Исмаиловиќ и Фејзи Азири поради тоа што постапката е при крај.

Наместо да бидат задржани во судот додека да одлучи кривичниот совет по барањето на обвинителството, тие си заминале.

-Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на надлежниот обвинител во предметот со КОК бр. 66/17 во јавноста познат како „Монструм“ за опредлеување мерка притвор против Ф.А. и А.И, донесе решенија со кои гo прифати предлогот со оглед да се исполнети условите од член 199 ст.1 т.1од ЗКП, соопштија од Кривичен суд.

Агим Исмаиловиќ е еден од вкупно петтемина обвинети за петкратното убиство што се случи на 12 април 2012 кај Смилковско Езеро. Обвинет е и неговиот брат Африм Исмаиловиќ, понатаму Алил Демири, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута.

Слични содржини