Околу шеесет српски туристи кои платиле за одмор на Крф, во рок од девет дена, три пати се нашле на автопатите и низ грчките села, бидејќи автобусот што го ангажирала туристичката агенција се расипал исто толку пати, пишуваат српските медиуми.
Станува збор за претежно млади луѓе кои се упатил кон Кавос на деветдневен аранжман.
Патувањето до ова место траело 36 часа откако автобусот се расипал на територијата на Македонија за прв пат.
Вториот пат, автобусот се расипал на враќање од летувалиштето, а потоа чекале неколку часа. Третиот пат се случил вчера, кога тие тргнале да се вратат во Србија, а пред тоа, автобусот повторно се расипал на автопат во Македонија, според некои информации, на 95 километри од Грција.
Агенцијата „Балкан фан“ од Белград им кажала на родителите дека испратиле друг автобус од Македонија и дека очекуваат брзо да стигне до туристите. Истовремено, посочуваат дека користеле превоз што е вклучен во цената на аранжманот.
-Чекаме неколку часа, снема храна и вода. Тука не е ни безбедно, буквално сме на пат – изјавиле туристите кои не веруваат дека автобусот ќе пристигне брзо, бидејќи чекале дури 12 часа на пат, кога поаѓале кон Грција.