Ахлам Албашир открила детали кои му претходеле на нападот во Истанбул

од Stefanija Kuzmanovska

Терористката Ахлам Албашир, која во неделата го изврши терористичкиот напад во истанбулскиот кварт Бејоглу, во изјава за полицијата изјави дека во организацијата се приклучила преку нејзиното момче, исто така член на терористичката организација ПКК/КЦК/ПЈД/ЈПГ, со кој таа се запознала во 2017 година.

Истанбулското јавно обвинителство ја продолжува истрагата за нападот на улицата „Истиклал“ на 13 ноември, во кој загинаа шест лица, а 81 беа повредени.

Ахлам Албашир (23), која беше уапсена набрзо по нападот, за време на полициското испрашување откри како се приклучила на терористичката организација. Таа изјавила дека нејзиниот тогашен дечко ја „поврзал“ со организацијата во 2017 година. Како што рече, подоцна му се изгубиле секаква трага, но Албашир сепак одлучила да остане во контакт со терористичката организација.

Во меѓувреме било утврдено дека со терористичката организација бил поврзан и Ферхат Х., сопственикот на работилницата во Есенлер, каде што терористката Ахлам Албашир и осомничениот во бегство Билал Х. престојувале.

Истрагата утврдила дека Ферхат Х. вршел терористичка пропаганда од неговиот профил на социјалните мрежи и дека, според инструкциите на организацијата, својата куќа им ја отстапил на Ахлам Албашир и Билал Х.

Слични содржини