Ахмети ги обвини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ дека со години ја напаѓаат ДУИ

од Nikola Popovski

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети синоќа сподели видео компилација од тоа како СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ја напаѓале и се уште напаѓаат неговата партија на прес-конференции.

Лидерот на партијата видеото го објави на Фејсбук.

-Со години континуирани напори на разни актери да ѝ нанесат штета на ДУИ како и да ја искористат за да ги постигнат целите за нивните секојдневни партиски политики, порача Ахмети.

Слични содржини