Ахмети: Нова химна е само прашање на време

од Nikola Popovski

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети ги стави на маса темите за знамето и грбот на Македонија.

„Се разговарало и за химната и за грбот и за знамето. Овие се прашања за кои е потребен консензус, но ова повеќе ќе зависи од договор помеѓу Македонците. Што се однесува на химната, се разговарало и нема којзнае какво противење и тоа е повеќе прашање на време и мислам дека може да се разговара без резерви“, изјавил лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за „Клан Македонија“.

Тој во интервјуто додал дека ако се отвори графа во Уставот и за Бугарите како што има за Турците, Србите итн, многу ќе се амортизира прашањето со Бугарија.

Засега се уште нема одговор од Владата дали е разговарано за овие прашања.

Слични содржини