Ахмети: Ова е мандатот кога ќе го реализираме Коридорот 8, кој е сон на Албанците

од Nikola Popovski

Чистата животна средина и здравиот живот во фокусот на предизборната кампања на ДУИ во Струга, изјави вечерва лидерот на партијата, Али Ахмети од митингот во градот покрај реката Црн Дрим.

Тој изрази максимална поддршка за кандидатурата на Рамиз Мерко.

-Овој е мандат што се совпаѓа и е дел од Поглавјето што ја регулира животната средина, што истота се совпаѓа со нашата агенда, Зелената агенда за почиста средина и поквалитетен живот. Почитувани, токму, ова е мандатот кога ќе го реализираме Коридорот 8, кој е сон на Албанците, што ги поврзува Скопје-Драч-Приштина. Кои се тие што ќе ги реализираат овие пројекти, тоа е тимот што ќе биде преводен од Мерко и Арбереша, истакна претседателот Ахмети, додавајќи дека кандидатите на ДУИ во целост ќе ги реализираат проектите предвидени во изборната програма, која има за основа Зелената агенда.

-Сите вие во сите населени места да гласате за ДУИ, Мерко затоа што вашата иднина ќе биде подобра, рече Ахмети.

Слични содржини