Со изведба на операта „Аида“ од Џузепе Верди во режија на Дејан Прошев, традиционално, вечерва на сцената на Македонската опера и балет ќе бидат затворени 43. Мајски оперски вечери.

Aida_cast_-_cropped

Под диригентство на гостинот од Италија Стефано Романи ќе настапи интернационална солистичка екипа.

Италијанските уметници Росана Риналди и Пјеро Џулијачи ќе ги толкуваат улогите на Амнерис и Радамес, Иван Томашев од Србија ќе настапи како Рамфис, Серџо Болоња – Италија како Амонасро, Александар Стефаноски во улогата на Фараон, Олгица Милевска како Големата свештеничка и Марјан Николовски како Гласник.

Слични содржини