Аирлија! Жбогар твитна на првиот ден на работа во Скопје

од desk3
92 прегледи

Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска на официјалниот твитер-профил на Делегацијата на ЕУ во Скопје објави фотографија од својот прв работен ден во Македонија.

Поранешниот шеф на словенечката дипломатија Жбогар доаѓа на местото на досегашниот евроамбасадор Аиво Орав, кој сега ќе ја предводи мисијата на ЕУ во Црна Гора.

Словенечкиот дипломат, кој доаѓа од позицијата евроамбасадор во Косово се смета за добар познавач на ситуацијата во регионот. Педесет и четиригодишниот Жбогар во својата 22-годишна дипломатска кариера бил вклучен во сите поголеми политички проекти на словенечката надворешна политика.

 

МЕТА