Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ вечер премиерно пред струшката публика ќе биде изведена драмата „Ајде уште по една за роденденот“ на Теактер студио“ од Куманово.
Претставата е тежок трилер и психолошка драма, која има многу силна порака. Во неа играат четворица кумановци – студенти на Факултетот за визуелна уметности „ЕСРА“ Скопје – Матеј Стојковски, Никица Јанковски, Давид Илиќ и Мишо Димитривски, а режијата е на актерот Горан Илиќ.
Ова е четвртата претстава на „Теактер студио“, преку која студентите-актери од Куманово се промовираат пред публиката.