271
Ајкула нападна маж во Западна Австралија во саботата. Откако бил каснат, 77-годишниот Ричард Стабс го удрил животното и истрчал кон брегот оддалечен 50 метри.
Не сфатил веднаш дека го нападнала ајкула, но се исплашил бидејќи почувствувал дека некое животно го удрило. Му помогнале колегите од локалниот пливачки клуб.
„Навистина не знаев што да правам. Беше ненадејно“, изјавил Стабс, кој бил пренесен во болница со повреда на десната нога.
Во западниот дел на Австралија во последно време се регистрирани неколку напади на ајкули. На почетокот на неделата, сурфер успеал да исплива 600 метри до брегот и на тој начин да си го спаси животот откако бил каснат за ногата.
Очевидци изјавија дека изгубил многу крв.