24,4K
За време на летната сезона, покрај цените на аранжманите, една од главните теми се и ајкулите, бидејќи стравот од напади е секогаш присутен. Така и сега, по видеото кое го сними турист од Србија во Хургада, се појави и видео од ајкула од Грција.
„Ајкула е видена на уште еден остров во Грција. Островот Серифос на 80 метри од брегот“, стои во описот на видеото од ајкулата на Инстаграм кое е објавено на профилот „nikana.gr“.
„Можеби се плашиме и се тресеме кога знаеме дека постојат, но реално тоа е нивното природно живеалиште, всушност нивниот дом“, „Па, нормално е дека има… Исто како што живеат еж, волк и мечка во шумата, има ајкули во морето, па каде би живееле… Отсекогаш имало“, се дел од коментарите кои го придружуваат ова видео.