38
Напаѓачот Ели Вахи му се приклучи на Ајнтрахт Франкфурт од Олимпик Марсеј како замена за новото засилување на Манчестер Сити, Омар Мармуш.
22-годишниот Французин потпиша договор до летото 2030 година, се вели во соопштението на бундеслигашот.
Вахи постигна 32 гола на 92 натпревари за својот прв клуб Монпеље и 12 гола на 36 натпревари во Ленс. Потоа додаде 3 гола на 13 натпревари за време на неговиот краток престој во Марсеј.
„Ели е брз напаѓач со добра игра во шеснаесетникот и одличен инстинкт за голови. Тој е млад играч со потенцијал за развој и ние сме убедени во неговите квалитети. Во исто време му даваме време што му е потребно да се прилагоди“, изјави спортскиот директор на Ајнтрахт, Маркус Кроше.