Претседателот на Ајнтрахт: Да играме против Ливерпул или Реал звучи подобро од Гројтер Фурт

од Vladimir Zorba

Претседателот на Ајнтрахт (Франкфурт), Петер Фишер беше исклучително задоволен од триумфот на неговиот тим во вчерашното финале во Лига Европа. „Орлите“ го освоија трофејот по пенали против шкотскиот гигант Ренџерс, но Фишер истакна дека клубот ќе продолжи со својата избалансирана политика и нема непромислено да троши пари за Лигата на шампионите.

„Нема да земаме позајмици и само да купуваме само затоа што се пласиравме во Лигата на шампионите. Сепак, ќе биде многу полесно кога не знаеш дали ќе играш против Ливерпул или Реал Мадрид, многу е поинтересно. Звучи подобро отколку против Гројтер Фурт“, изјави претседателот на клубот.

Поддршка доби и од спортскиот директор на тимот Маркус Кроче, кој исто така беше дециден дека ќе се следи балансирана трансфер политика.

„Се разбира, ова е добар приход, одличен за нас по две години коронавирус. Ова многу ќе ни помогне во иднина“, изјави Кроче.

Слични содржини