Ако Ахмети го смени Груби, тоа би значело признание на сопствен неуспех!

од Destan Jonuzi

Ако лидерот на Демократската унија за интеграција ги прифати барањата на т.н. „Огнена група“ за смени на кадрите во извршната власт тоа би значело и признание дека учеството на ДУИ во Владата е неуспешно, а бидејќи актуелните министри се личен избор на Ахмети, со самото тоа би значело признание на неуспехот на сопствената политика, смета политичкиот аналитичар Бесим Небиу, коментирајќи ја можноста за смени на министрите од ДУИ по теркот на барањата на „огнените“.

– Ахмети се обидува да ги смири страстите, во таа насока очекувам да обиид за редистрибуција на позиции и ресори, но не очекувам да ги исполни сите барања на огнената група, осообено не главното барање – смена на носителите на главните министерски ресори на Владата. Таквиот развој би значел повлекување под притисок на Ахмети. Ахмети има силни позиции во партијата, и е главен адут на ДУИ, не гледам особена причина и мотив зошто би сакал да се повлече под притисокот и барањата на „Огнената група“. Исто така, повлекувањето на главните министрри или сите министри од ДУИ, како што бара групата, би значело и признание дека учеството на ДУИ во Владата е неуспешно, а бидејќи се работи за личен избор на Ахмети, со самото тоа би значео признание на неуспехот на сопствената политика, изјави Небиу за „Локално“.

Поранешниот пратеник Зуди Џелили оценува дека ДУИ со апсолутна власт кај албанскиот политички блок, 20 години по ред успева да ги амортизира сите поединци или незадоволни групи. И овој пат, според него, ќе ги амортизирам со гаснење на пожарот.

– Колку што можам да разберам, тие побараа од лидерот Ахмети да направи конституција на органите на партијата и тие да бидат вклучени таму. За да можат потоа да ги претстават своите евентуални незадоволства, зошто да не и личните амбиции. ДУИ, имајќи апсолутна власт 20 години по ред, успева да ги амортизира сите поединци или групи незадоволни во неа. И овој пат ќе ги амортизира со гаснење на огнот без никого да жртвува, изјави Џелили за „Локално“.

Од ДУИ веќе најавија дека на 15 октомври ќе бираат ново претседателство на партијата, а „Огнената група“ очекува да биде добро позиционирана во партијата.

Д.Ј.

Слични содржини