Аксиос: Трамп разговарал со Зеленски за можноста Украина да добие ракети „Томахавк“

од Vladimir Zorba
18 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес разговарал со украинскиот претседател, Володимир Зеленски, за можноста Украина да добие крстосувачки ракети „Томахавк“ со долг дострел, изјавија два извори запознаени со ова прашање за американскиот медиум Аксиос.

Изворите не кажаа дали е донесена конечна одлука. Разговорот траел околу 30 минути, рече еден од изворите.

Зеленски го опиша разговорот во соопштението како многу позитивен и продуктивен.