Актерката за борбата со зависноста: Татко ми и јас заедно земавме кокаин

326 прегледи

Актерката Jamie Lee Curtis во интервју за магазинот Variety отворено зборувала за својата борба со зависноста, а открила дека некое време се дрогирала заедно со татко ѝ, актерот Tony Curtis.

– Знаев дека татко ми има проблеми, а имав и јас па ја делевме дрогата. Имаше времиња кога јас бев единственото дете кое сакаше да разговара со него. Имав шест браќа и сестри, а сега имам пет. Мојот брат Николас почина од предозирање со хероин кога имаше сао 21 година – раскажала актерката.

Како што признала, со таткото делела кокаин.

– Беше тоа прв пат кога зедов кокаин и тоа еднашка и тоа беше со него. Тој некое време беше чист. Околу три години се трудеше да се одвикне, но не траеше – рекла Jaime.

Тони во 2010 година почина од срцев удар на 85 години, а Jamie се дрогирала со таблети против болки цели 10 години.

– Постојано земав опијати, ги крадев, лажев. Никој не знаеше. Никој – признала.

Дури во 1999 година прв пат се пријавила на одвикнување, за тоа му признала на сопругот Christopher со кого е во брак 33 години.

– Одлучив да го прекинам тој циклус кој ги уништи животите на моето семејство со генерации. Тоа што останав трезна беше моето најголемо достигнување. Поголемо од тоа што го најдов сопругот, поголемо од тоа што имам две деца, или од било кој успех – рекла актерката која е трезна повече од 20 години, но и понатаму посетува состаноци за зависници.

Слични содржини