Актерот платил 9.000 долари за тестирање за корона, болницата одбила да му ги даде резултатите

358 прегледи

Актерот од популарната серија The Walking Dead, Даниел Њумен, откри дека бил во контакт со личност заразена со коронавирусот и дека веднаш по тоа сознание одлучил да се тестира.

На својот Инстаграм профил рекол дека болницата во која отишол му наплатила 9.000 долари за тестирањето, но дека резултатите од тестот не ги добил.

„Бев во Австралија каде имав контакт со заразени личности. Наскоро започнав да развивам симптоми“, рекол и додал дека веднаш отишол во болница во САД.

„Откако се тестирав и тоа го платив многу скапо, ми рекоа дека владата не дозволува обработување на резултатите на моите тестови бидејќи имам благи симптоми. Ми рекоа дека не се подготвени и дека обработуваат тестови на луѓе со тешки симптоми, тестови на постарите лица и оние кои биле во странство“, рекол актерот.

View this post on Instagram

Thanks for all the concern! I guess a lot of #WalkingDead fans saw me in the emergency room regarding #CoronaVirus. Sorry I didn’t reply I needed time to process. So here’s what happened. Yes I was just in Australia with Sam Smith, Dua Lipa, and thousands of people from around the world for Mardi Gras Pride. I was exposed to some sick people and I started developing symptoms and then back in the states I was notified someone in our group tested positive for #Covid19. I spent all day calling every urgent care and hospital no one had tests! Finally I found one emergency room that told me my symptoms match and to come in immediately. I did all the tests and they told me because I have “mild symptoms“ the government won’t allow them to process my tests! They don’t have enough they’re not prepared, even though all my symptoms match. They’re only allowed to process “severe symptoms, elderly, or people recently in Italy and China”. It cost me $9,116!! and they didn’t even give me results. They sent me home and tons of other ill people that could potentially infect their communities, just telling us to “self Quarantine“. Why after almost 3 months since China is our country not prepared with tests, masks, hand sanitizer, toilet paper! Why after one day of shaky stock markets did they invest 1.5 trillion into the markets, but not the Healthcare system after three months! This was not a surprise, this was not being prepared. We’ve already gone through #H1N1 #SARS why didn’t we have a pandemic unit ready when this happens every few years!? Everyone please treat each other with kindness and Love ❤️! We are all going through this together. Young people are not immune, thousands of people are dying around the world. Please be safe, wash your hands, stay 6 feet or more away from people and stay home. I love you guys so much you can get a hold of me on here or Twitter if you need to talk I’m here for you. Love – D

A post shared by DANIEL NEWMAN (@danielnewman_) on

Тој открил дека истото им било кажано на голем број други лица кои дошле да се тестираат и дека на сите им е наложено да се придржуваат до самоизолацијата.

„Зошто по скоро три месеци од појавата на коронавирусот во САД се уште нема доволен број на потребните тестови, маски, средства за дезинфекција и тоалет?“, ја споделил својата грижа актерот.

Њуман ги повикал обожавателите на внимателност и придржување до упатствата за заштита од заразата.

„Младите не се имуни, илјадници луѓе умираат ширум светот“, напишал.

„Бидете сигурни, мијте ги рацете, држете дистанца и останете дома“, додал.

Слични содржини