Почетна / Актуелно / Активиран Градскиот штаб за заштита и спасување

Активиран Градскиот штаб за заштита и спасување

timthumb-1

Град Скопје соопшти дека по првиот земјотрес што го потресе главниот град изутрината во 6:58 часот, веднаш е активиран Градскиот штаб за заштита и спасување.

– Веднаш се мобилизираа екипите на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, како и екипите на сите градски јавни претпријатија. Притоа, реализирани се поголем број на интервенции. Градскиот штаб за заштита и спасување во континуитет ја следи состојбата на терен и доколку има потреба соодветно ќе интервенира, се вели во соопштението од Град Скопје.

loading...