Активни три пожари на отворено

Од трите активни пожари, како што се наведува, два се на територија на општина Македонски Брод, а еден е во подрачјето на Сарај.

од Vladimir Zorba
7 прегледи

Активни се три пожари на отворен простор од вкупно 33 регистрирани изминатото деноноќие на територија на државава, до осум часот утрово. Два се под контрола, а останатите се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од трите активни пожари, како што се наведува, два се на територија на општина Македонски Брод, а еден е во подрачјето на Сарај. Во Јасен гори мешана шума, а на територија на село Крапа опожарени се ниска вегетација и нискостеблеста шума. Пожарот на територија на општина Сарај е во регионот на село Радуша кон село Дворце. Таму гори ниска вегетација.

Под контрола е ставен пожарот во атар на село Нерав, место викано „Биљино“, општина Крива Паланка, каде опожарени се ниска вегетација и шума. Вториот пожар ставен под контрола е на територија на општина Кичево, во подрачјето на село Челопеци, а опожарена е нискостеблеста шума

Слични содржини