Ал Џезира: Болницата Ал Шифа во Газа погодена од дрон, има жртви

од Vladimir Zorba

Главниот влез во болницата Ал Шифа во Појасот Газа денеска бил погоден од беспилотно летало, јавува Ал Џезира и додава дека има жртви и повредени.

Во најголемата болница во Појасот Газа се сместени повеќе од 5.000 пациенти и десетици илјади раселени лица. На прес-конференција болницата Ал Шифа побара меѓународна заштита за амбулантите кои претходно беа погодени во близина на болницата.

Портпаролот на Министерството за здравство во Газа, Ашраф ал Кудра, изјави дека возилата превезувале меѓу 15 и 20 тешко повредени пациенти кои требало да бидат префрлени на преминот Рафах на границата со Египет.

„Ги информиравме Црвениот крст и Црвената полумесечина. Го информиравме целиот свет“, рече Ел Кудра.

Слични содржини