Albanian Daily News: Еди Рама се извини за својот повик до полициските службеници

од desk3
92 прегледи

Албанскиот премиер Еди Рама се извини за својот повик до полициските службеници и наставници во земјата да учествуваат во изборната кампања и да собираат гласови за неговата Социјалистичка партија по завршувањето на работниот ден, пренесе Albanian Daily News.
“Се извинувам за вревата предизвикана од декларацијата. Не ми беше тоа намерата, тоа е моја грешка “, рече Рама.
Претходно во петокот, тој ги повика полицајците и наставниците по завршувањето на работниот ден да соберат гласови за Социјалистичката партија.