Албанија: Приоритет 1 е автопат за Македонија

од Vladimir Zorba
109 прегледи

Изградбата на автопатот кон Република Македонија е нашиот врвен приоритет меѓу инфраструктурните проекти. Овој проект е наречен “Руга е Арбрит” – “Патот на Арбор”,  изјави албанскиот премиер Еди Рама за време на презентацијата на неколку инфраструктурни проекти во Тирана.

“Руга е Арбрит” ќе ја поврзе Албанија со Република Македонија во близина на градот Дебар.
“Очекувам договорите со компанијата што го гради проектот Руга-Арбрит да биде финализиран и веднаш да почнеме со работа”, рече Рама.
Локално.мк потсетува дека овој  автопат тргнува од главниот град Тирана и стигнува до граничниот премин “Блато” на границата со Република Македонија, недалеку од градот Дебар. Овој автопат ќе го намали растојанието од Тирана до македонската граница за околу 100 км.
Според Рама, неговиот четиригодишен мандат за подобрување на инфраструктурната влада ќе инвестира една милијарда долари. Буџетот за финансирање на инфраструктурни проекти се зголемил за 42 отсто следната година, рече Еди Рама на прес-конференцијата на Советот на министри во Тирана.
Еди Рама вети дека ќе   води “агресивна  политика при склучување договори за изградба на патишта за да избегне простор за шпекулации и измами”.