Албанскиот државен комитет за малцинства ја корегира грешката на веб страницата во делот резервиран за влашкото малцинство, па македонското малцинство повеќе не е Славомакедонско туку Македонско.
Ова е по одлука на Комесарот за заштита од дискриминација, кој позитивно одговори на барањето на Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана.
Според него, Друштвото заедно со огранокот за Голо Брдо остро реагирале на преименувањето и во писмото до Комесарот побарале да се ангажира тоа веднаш да се корегира.
– Во барањето наведовме дека во Република Албанија е признато македонското национално малцинство, со мајчин македонски јазик, додава Ѓурѓај.
Според него ова е уште еден успех на Македонците во напорите да се елиминираат навредите на нивното достоинство и кршењето на нивните легитимни права.