Албанскиот премиер Рама денеска во Приштина

од Vladimir Zorba
93 прегледи

 

Албанскиот премиер Еди Рама денеска ќе престојува во Приштина на средба со високи функционери на Алијансата за иднината на Косово.

Веста ја соопштија од партијата чиј лидер е Рамуш Харадинај и додадоа дека средбата ќе биде во партиското седиште на пладне, по што планирана е и изјава за медиумите.

Посетата е ненајавена, а се случува по критиките на адреса на албанските државни функционери дека не се залагаат за одлободување на Харадинај.

Тој беше уапсен на 4 јануари на швајцарско-француската граница, врз основа на меѓународна потерница издадена од српските власти поради воени злосторства.

Харадиј е на условна слобода и в четврток треба да му биде соопштена одлуката на судот дали ќе биде екстрадиран или не во Србија.

За дел од албанските медиуми патувањето на Рама во Приштина е само уште еден предизборен маркетиншки чекор