Парламентарната група на опозициската Демократска партија, која се состои од 43 пратеници, зеде едногласна одлука за враќање на пратеничките си мандати, пренесува МИА.
Лидерот на партијата Љуљзим Баша ja објави одлуката по седницата на парламентарната група која го овласти за преземање на понатамошни чекори “. Ова укажува свикување на највисоките партиски органи, кои треба да ја потврдат веќе донесената одлука.
“Парламентарната група зеде едногласна одлука за враќање на парламентарните мандати, бидејќи единственото можно политичко решение е создавање на преодна влада што да ќе органзира слободни и фер избори и да го деблокира процесот на европска интеграција на Албанија.
Ова се случува со вонредната состојба во која се наоѓа земјата, поради откриената кражба на гласовите на граѓаните од страна на Владата, потврдена од судските досиеја објавени од странски медиуми, а исто така и поради корупцијата на владата и активноста за елиминација на парламентот како форум за демократија, за елиминацијата на Уставниот суд, парализирање на државата систематски потиснување и кршење на основните човекови права и слободи на Албанците, вклучително и правото на живот и здравје.
Почесниот претседател на демократите, поранешен премиер и претседател Сали Бериша, кој исто така е пратеник, изјави дека одлуката што е донесена за првпат во Албанија “од политичка гледна точка е екстремна, но дека тоа го бара политичката ситуација во земјата. “
“Времето на зборовите заврши. Ние нема да бидеме фасада на парламентот, кој е составен од организираниот криминал”, рече уште лидерот на ДП, по средбата со лидерот на Социјалистичкото движење за интеграција на а Моника Круемади. Опозицијата најави дека ќе организира нов протест во четвртокот.
За поддршка на одлуката, главната опозициска партија, исто така, доби и од други партии кои се дел од обединета опозиција.
Во парламентот од 140 места, владејачката партија на Еди Рама има 74 места. 66 мандати се на опозицијата – 43 на ДП, 19 на СМИ, 3 на Партијата за правда и единство и 1 мандат на Социјалдемократската партија.
Потсетуваме дека во саботата за време на националниот протест поддржувачи на албанската опозиција се судрија со полицијата, откако бече пробиен кордонот од полицајци околу зградата каде се сместени канцелариите на премиерот Еди Рама.
Судирите избувнаа за време на антивладините демонстрации со барање за оставка на премиерот. Демонстрантите фрлаа молотови коктели и друга пиратерија. Во еден момент демонстрантите упаднаа во централниот влез на владината зграда, но сепак, органите на редот употребија солзавец и палки за да ги растераат да го спречат насилниот влез. / BGNES и МИА