Албанците ја напуштаат својата земја – 440.000 живеат во Италија, а 367.231 се апликанти на Зелената карта

од desk4
126 прегледи

189.000 Албанци добија италијанско државјанство во последните 10 години

Италијанскиот институт за мултиетнички истражувања изјави дека во изминатите десет години се регистрирани околу 1,1 милион нови Италијанци, од кои 224 000 се само минатата година.

Според статистичките податоци, 189.000 албански државјани добиле италијанско државјанство во извештајниот период, што претставува 16.6% од вкупниот број. Така, албанските граѓани се рангираат на второто место на листата на странци кои добиле италијанско државјанство, веднаш зад Мароканците.

Во моментов, повеќе од 440.000 албанци живеат во Италија. Извештајот на Институтот проценува дека во последните години се забележува постојан пораст на бројот на мигрантите, кои станале Италијанци. Во 2012 година, бројот на странците кои добиле италијанско државјанство бил околу 65 000, следниот – 101 000, во 2014 година – 130 000, во 2015 година – 178 000, во 2016 година – 202 000 и минатата година 224 000.

Најголем број нови Италијанци живеат во регионот на Ломбардија, се вели во извештајот. Дека расте бројот на албанските граѓани кои користат и најмала можност да ја напуштат земјата за подобар живот, зборува и фактот дека во годината на лотаријата на САД за Зелена карта аплицирале 367 231 граѓани на Албанија.