Алегри: Нема да го гледам Наполи, со син ми ќе гледаме „Флеш“

од desk2
110 прегледи

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, изјави дека нема да го следи натпреварот од 31. коло на италијанскиот фудбалски шампионат Наполи – Џенова.

Наполитанците заостануваат 21 поен зад Јувентус на табелата и во случај на нивни пораз торинскиот клуб ќе ја обезбеди шампионска титула на седум рунди пред крајот.

– Јас нема да го гледам натпреварот. Со син ми ќе гледаме „Флеш“. Во неделите тој има монопол на телевизијата, изјави Алегри.

„Флеш“ е популарна американска телевизиска серија за супербрзиот суперхерој од „DC“ стриповите.