„Наводите на поранешниот поглаварот на ИВЗ за инфилтрирање на функционери на ДУИ на изборот или на смената на раководителот на оваа институција, се уште еден доказ дека ДУИ континуирано ја минирало улогата и мисијата на ИВЗ“, стои во соопштението на партијата Алијанса за Албанците.
Според нив, подеднакво неприфатливо е кога поранешниот поглавар на ИВЗ прифаќа да стане инструмент на ДУИ или на која било друга партија, за цели што не се поврзани со надлешностите на првиот човек на ИВЗ.
„Овие непринципиелни постапки на поранешниот поглавар на ИВЗ, како и на ДУИ, со право ги принудија муслиманските верници да ја изгубат вербата во оваа институција, која требаше да биде независна и со целосен кредибилитет, служејќи им на исламските верници, но и на сите граѓани, за зачувување и негување на човечките вредности и афирмација на верата“, велат од партијата.
Тие додаваат декае време е да се стави крај на манипулаците на ДУИ, која не бира ниту форма ниту начин да остане на власт, манипулирајќи и политизирајќи ја секоја институција, дури и Исламската верска заедница на Македонија.
„Апелираме до сите функционери на ИВЗ, но и до муфтиите на градовите во земјава, за време на процесот на избор на новиот поглавар на ИВЗ да не дозволат мешање на ДУИ, но и на кој било друг политички субјект. Воедно да ги почитуваат сите одредби на нормативните акти пропишани со Уставот на ИВЗ, да обезбедат транспарентен и демократски процес со вршење на најдобар избор за поглавар на ИВЗ, со што ќе се врати достоинството на оваа институција која ги застапува муслимански верници во Македонија“, стои во партиското соопштение.