Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити кој истовремено е дел од партијата Алтернатива, денеска информира дека нема преговори со Алијанса за Албанците за нивен влез во Владата.
Алити напомена дека сите вести и дискусии поврзани со оваа тема се шпекулации. Како што рече, важно е реформите да течат, дури и на неговото место да треба да дојде нов министер.
-Се се шпекулации. Во владата се тече нормално. Се друго се шпекулации. Сите дискусии кои се водат се шпекулации, а јас и Министерството не се занимаваме со тоа. Ако треба да има нов министер, ние ќе се трудиме последните денови најпрофесионално да си ја работиме работата. Не е битно кој ќе биде министер, битно е реформите да течат односно да одиме напред, рече Алити како одговор на новинарско прашање.