На слобода е човекот кој ги предаде клучевите од Собранието на „крвавиот четврток“, си ја одлежа казната

од Nikola Popovski

Денеска излезе од затвор Абдуљфета Алими кој на 27 април 2017 година, им ги даде клучевите на поранешните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски и Сашо Василевски, кои ги отворија вратите на Собранието и им овозможија на демонстрантите да влезат внатре. При излегувањето од затворот „Идризово“, Алити беше пречекан од поранешниот претседател на Алијанса за Албанците, Зијадин Села.

Алими е прв од 17-те лица кои се осудени за „Крвавиот четврток“, кој излегува од затвор после шест години и два месеци. Тој пред судот тврдеше и дека го спасил од смрт тогашниот лидер на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, за што доби помала казна затвор.

Нападот во Собранието се случи додека актуелното владејачко мнозинство сакаше да избере нов претседател на Собранието. Неколку недели претходно, поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ , поттикнати од говорот на омраза на Никола Груевски – претседателот на партијата, протестираа пред Законодавниот дом, за да искажат незадоволство поради формирањето на новата владина коалиција.

Во упадот во Собранието беа повредени пратеници, новинари, но и демократијата на една кревка држава која со години стои пред портите на Европската унија и бара влез во европското семејство.

Слични содржини