Арлинда Алити, кандидатка за советник од редовите на Алијанса за Албанците во изјава за медиумите посочи дека Тетово е општина со мал број градинки што е проблем за многу семејства.
-Општината Тетово е една од општините со најмал број на градинки, со недоволен капацитет за грижа за деца во предучилишна возраст. Оваа ситуација е голем проблем не само за децата на кои од првите чекори од животот им се одбива едно право, туку и за родителите и семејствата на Тетово, посочи таа.
Според неа мајките поради оваа ситуација не можат да одат на работа.
–Како резултат, многу жени, млади мајки не можат да бидат вработени бидејќи треба да се грижат самите за своите деца, а да не говориме за нивниот развој во кариерата. Најмногу во оваа област се занемарени приградските области, како и планинските села на Тетово кои се целосно запоставени, како од локалната самоуправа, така и од централната власт, порача Арлинда Алити.