Алити: Вклучувањето на невладините организации и приватниот сектор е услов за успех во дигиталната трансформација

од Vladimir Zorba
189 прегледи

Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, во интервју за WeBER Talks зборуваше за дигиталната трансформација што се случува во Република Северна Македонија.

Тој ја подвлече улогата и важноста на вклученоста на невладините организации и приватниот сектор во подготовката на стратегијата за дигитална трансформација.

Според него, оваа вклученост е услов за успех.

„Невладините организации се во подобра позиција да комуницираат со граѓаните и да креираат податоци кои би се трансформирале во јавни политики.

Кога станува збор за дигитализацијата, мора да комуницираме и со приватниот сектор, не само со невладините организации, а кога тоа ќе создаде одговор од различни страни вклучени во момент кога нешто спроведувате, тоа е обично услов за успех”, изјави Алити.

Слични содржини