Алонсо: Ќе го нападнам Макс на стартот

од Vladimir Zorba

За прв пат од Германското ГП во 2012 година, Фернандо Алонсо ќе започне трка во Формула 1 од првиот ред на стартната линија. Двократниот шампион ќе стартува втор на трката за ГН на Канада на патеката Жил Вилнев, а пред него е само актуелниот светски шампион – Макс Верстапен.

По квалификациите, Шпанецот му се закани на возачот на Ред Бул дека ќе го нападне на првата кривина на неделната трка.

„Тоа може да се случи. Ова е одличен викенд за нас досега. Бевме многу силни на тренинзите во петок, што во основа се случува, но потоа во сабота губиме темпо. Денес, сепак, благодарение на влажните услови, автомобилот беше мега добар и се чувствував многу сигурен во него. Мислам дека и навивачите малку ми помогнаа. Ќе видиме што ќе се случи. Мислам дека ќе го нападнам Макс на првиот свиок“, изјави пилотот на Алпин во интервју веднаш по квалификациите.

Трката за Големата награда на Канада, деветта од сезоната 2022 во Формула 1, започнува денеска во 20 часот по македонско време.

Слични содржини