Алонсо со емотивна порака до Шумахер: Ми недостига Михаел!

од desk2
80 прегледи

Еден од најталентираните Формула 1 пилоти на сите времиња, Фернандо Алонсо ја освои титулата во 2005 и 2006 година, прекинувајќи ја доминацијата на големиот Михаел Шумахер, кој имаше серија од пет последователни шампионски трофеи.

Шпанскиот пилот долго време водеше борба за легендарниот Германец, кој моментално се наоѓа во кома, поради скијачката несреќа пред точно четири години. Тој не сакаше да ја пропушти можноста и на јубилејот од овој немил настан се потсети на една од најжестоките битки заедно со Шумахер и Кими Раиконен.

Се работи за трката на патеката „Сузука“ во Јапонија од 2005 година, на која победи Раиконен пред Џаnкарло Физикела и Фернандо Алонсо.

Видеото го сподели Шпанецот и напиша: „Ми недостига ова. Ми недостига Михаел“.